Ташко Каранфиловски : На ред е песна која ја подготвувам веќе подолго време

Ташко Каранфиловски победи на Изборот на Летен Фолк Хит со неговата најнова песна Сине мој. Тој во интервју за ИН ТВ ги открива неговите следни планови.

Најголемиот број гласови од публиката на Изборот на Летен Фолк Хит кој што се одржа во Општина Новаци ги доби познатиот фолк пејач Ташко Каранфиловски. Тој настапи со неговата најнова песна “Сине мој” и ги освои симпатиите на сите присутни на фестивалот.

-Навистина се изненадив и еве покрај подолг период вака не сме биле со публика, меѓутоа ова беше големо и убаво чувство првпат за оваа година. Многу беше убаво и песната беше доста прифатена, тоа се гледаше и од страна на публиката. Станува збор за песната Сине мој во соработка со Милан Завков и Гоце Ристески од Австралија, а видео записот за оваа песна е изработен од најдобрите, ИН продукција.-вели Каранфиловски во интервјуто за ИН ТВ.

Меѓудругото тој за естрадниот магазин Естрада плус ги откри неговите планови за периодот кој следи и најави нова песна за која како што вели ја подготвувал подолго време.

-Следно веќе имам една песна која требаше многу одамна да излезе, но помина подолг период. Се надевам дека за кратко време јавноста ќе има можност да ја слушне таа песна. Веќе се спрема и мојот трет албум па се надевам дека публиката и гледачите ќе уживаат.-додава тој.

Инаку, снимањето на спотот за песната Сине мој се одвиваше на неколку локации во Скопје и Охрид со неговите соработници од ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*