“Свирете за зетот” од Респекти претставена на Изборот на Летен Фолк Хит 2020

На Изборот на Летен Фолк Хит беа претставени нови, но и веќе познати хитовски рефрени од нашите познати македонски фолк изведувачи. Една од тие убави македонски песни е и новата песна на Група Респекти со наслов “Свирете за зетот”.

Свадбарското хитче на група Респекти “Свирете за зетот” беше претставено на Изборот на Летен Фолк Хит кој се одржа во Општина Новаци. Фронтменот на групата Даниел Сидовски во интервју за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од тоа колку песната беше прифатена од тамошната публика.

-Песната првпат ја исполнувам вака јавно пред публика и видов дека ја пееја, а ми дадоа и добар аплауз, фала им од се срце, значи ја прифатија.-истакна Сидовски, за гледачите на ИН ТВ.

Тој вели дека заедно со група Респекти периодов подготвуваат нова песна, но и дека ќе продолжи со реализација на неговиот албум кој беше паузиран поради моменталната состојба во земјава.

-Ние најавивме лека полека дека ќе има уште една песна, исто со убав, брз и весел ритам. Веќе можам да најавам дека ќе биде за внуче, тоа е нешто најскоро што ќе направиме и мислам дека за брзо ќе биде. А од мене лично ќе има. За мојот албум се мислев што да правам, дали да го правам годинава и дали ќе имам добар фидбек поради ситуацијава што сеуште трае, но кариерата не смее да ми запре овде. И ова ќе помине, па мислам дека ќе си го продолжам албумот сега, ќе го вратам во игра.-додава Даниел, за Естрада плус.

Инаку, група Респекти важат за едни од најбараните музичари во земјава особено во Скопје и околината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*