Новиот проект на Живе и Група Кода им донесе бројни позитивни коментари

Одлична прифатеност на заедничкиот проект на Живе Мешуревски и неговата Група Кода. Тие одлучија проектот да го збогатат со женски вокал и тоа младата и талентирана Сања Димова.

Новиот проект на Живе Мешуревски и Група Кода им донесе бројни позитивни коментари од нивните фанови. Деновиве се очекува да бидат објавени уште неколку песни од проектот, а како што вели Живе во интервју за ИН ТВ, видеата кои се досега објавени се и доста споделувани што е доволен показател за одличната прифатеност од јавноста.

-Презадоволен сум, можам да кажам дека не очекував до толку позитивни коментари од публиката, ама супер испадна. Сеуште не се објавени сите видеа, мислам дека има уште четири до пет песни, па се надевам дека и тие ќе и се допаднат на публиката. Тоа што го објавивме досега го прифатија да го слушаат гледам дека видеата се доста споделувани.-истакна Живе во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Иако е релативно млад, тој напорно работи на својата музичка кариера и секој момент го користи да ја изненади публиката со нова песна. Мешуревски открива дека за скоро време ќе бидат објавени уште две нови песни за кои ќе бидат снимени и официјални видеа.

-Имам две нови песни кои сеуште не се објавени и треба да снимам видеа и за нив. Отприлика за месец до два мислам дека ќе ги сработам и нив.-вели младиот пејач за естрадниот магазин Естрада плус.

Живе неодамна беше дел од Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци каде што учествуваше со неговата прва авторска песна “1001 ноќ”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*