Албумот на Група Милениум чека за промоција

Албумот на Група Милениум е готов, но се чека за негова промоција. Тие се надеваат дека тоа ќе се случи во текот на есенскиот период или почетокот на следната година.

Група Милениум важат за едни од најдобрите и најбараните музичари во земјава и надвор од неа. Тие секогаш работат на нешто ново, а така е и периодов. Покрај тоа што работат на нови песни, веќе е подготвен и нивниот албум, но за жал промоцијата на истиот е одложена поради состојбата со коронавирусот.

-Ние имаме веќе спремен албум. Промоцијата требаше да се случи во месеците март-април, меѓутоа поради тоа што имавме вонредна состојба одложивме за малку понатаму. Есенва или почетокот на другата година би требало да се промовира.-истакна во интервјуто за ИН ТВ, Владе, еден од членовите на Група Милениум.

Тие неодамна настапија на Изборот на Летен Фолк Хит со одлична песна која носи наслов “Убаво Македонче ” надевајќи се дека овој фестивал ќе продолжи да се одржува и во текот на следните години.

-Одлична е атмосферата, учествуваме секоја година на овој фестивал. Се радуваме што еве и во вакво време и вакви услови навистина е полно и се надеваме дека и понатаму ќе се задржи оваа традиција. Музиката и текстот за оваа песна се на Гоце Касапоски, а аранжманот е на нашиот колега Борче. Мило ми е што ви се допадна Вам, а се надевам дека и се допадна и на публиката.-додава тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Пред две години на Изборот на Летен Фолк Хит, Група Милениум ги освоија најголемиот број гласови од публиката во категоријата најдобра фолк група со песната “Не колни ја мајко печалбата“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*