Можеби не и е драго, но… Анабела сепак и ја честиташе веридбата на Луна

По сите кавги, расправии и конфликти и покрај тоа што престанаа да комуницираат, Луна Ѓогани откри дека по свршувачката со Марко Миљковиќ, сепак се слушнала од нејзината мајка Анабела Атијас, со која не е во добри односи со месеци токму затоа што таа не ја поддржува љубовта на својата ќерка со нејзиниот избраник Миљковиќ.

„Мајка ми и сестра ми први ни честитаа. Мама знаеше веќе неколку дена претходно. Веднаш испрати порака и беше воодушевена“ – рече Марко по веридбата, а потоа Луна додаде дека и е жал што Анабела не била таму.

„Жал ми е што Анабела не беше таму, очекував да ја видам. Тешко ми беше, плачев. Сепак беше моја ноќ, се обидов да се фокусирам на Марко. Нина прва ми честиташе, а потоа се слушнав и со Анабела. Тоа ми е важно“- додаде Луна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*