Иако е тежок период, Силвана Крстовска со став дека мора да се работи на нови песни

“Кога боли љубовта” е песната со која што Силвана Крстовска се претстави на Фестивалот “Избор на Летен Фолк Хит на Македонија”. Таа во интервју за ИН ТВ вели дека мора да се работи на нови песни иако станува збор за доста тежок период поради состојбата со коронавирусот.

Убавата русокоса фолк пејачка Силвана Крстовска е добро позната на јавноста по нејзините бројни настапи на фестивалите кои се одржуваат низ нашата земја. Таа неодамна беше дел од Изборот на Летен Фолк Хит на Македонија каде што ја изведе нејзината песна “Кога боли љубовта”.

-Да, јас секогаш сум активна, посебно позната сум по учеството на фестивалите, па еве и ова е еден одличен фестивал, Избор на Летен Фолк Хит. Овојпат Лешочкиот Фестивал се одржа во студио, нема да биде во Лешок. Така да, поради мерките сега и фестивалите е потешко да се одржат и затоа не велам дека нема да има нова песна од мене овој период иако е така сега посебно тежок период, но сепак мора да сме застапени да не има да не не заборави народот или публиката да кажам.-вели Крстовска, за естрадниот магазин Естрада плус.

Силвана во интервјуто упати пофални зборови до организаторите на фестивалот што и покрај моменталната состојба настанот беше одржан, секако со почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот.

Во продолжение погледнете го нејзиниот настап !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*