“Аманет”-Цаки Кисми ја промовираше новата песна

На Изборот на Летен Фолк Хит еден од најпознатите фолк пејачи во земјава Цаки Кисми, ја промовираше најновата песна која носи наслов “Аманет”. Тој деновиве подготвува уште една песнаа, овојпат во помодерен стил.

“Аманет” е насловот на најновата песна на Цаки Кисми која што тој ја премиерно ја претстави на годинешното издание на Изборот на Летен Фолк хит во Општина Новаци. Тој во интервју за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од организацијата на фестивалот и дека истиот е одлично место за промоција на новите песни, но и за дружба со колегите.

-Ова ми е нова песна која што тука за првпат ја промовирав за гледачите на ИН ТВ, ја отпеав првпат и не ни дојдов со помисла за победа, туку едноставно да се дружиме, да ја промовирам песната, да се видам со колегите и да си уживаме.-изјави Цаки за естрадниот магазин Естрада плус.

Цаки вели дека во изминатите неколку месеци убаво се одморил и дека е веќе време да започнат со поинтензивна работа. Покрај новата “Аманет” тој во интервјуто најави уште една песна во побрз ритам.

-Првите месец два ми дојдоа одлично и никогаш не сум се чувствувал така убаво, бев со фамилијата нон стоп заедно, а тоа задоволство го немав 20 и нешто години, се одморив убаво. Меѓутоа доста ми е од одморање ми се здосади и тоа, па еве како што кажав снимивме нова песна и се работи на уште песна. Кај и да е, ќе излезе и таа, во побрз ритам е нешто помодерно.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Да потсетиме, за време на карантинот во нашата земја поради коронавирусот Цаки одржа фолк дуел со неговиот колега Благојче Стојановски Туше кој се пренесуваше во живо на Сателитската ИН Телевизија, а музичкото шоу имаше огромна гледаност.

Во продолжение слушнете ја “Аманет” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*