(ФОТО+ВИДЕО) Сузана Гавазова со уникатна честитка за Денот на Независноста на Македонија

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, една од најпознатите фолк пејачки во Македонија Сузана Гавазова, направи специјална фотосесија, а празникот покрај со фотографии го честита и преку видео.

За потребите на оваа фотосесија Гавазова облече црвен, долг и раскошен фустан кој го изработи познатиот моден дизајнер Златко Јовановски.

Со оглед на тоа што станува збор за Ден на Независноста на нашата земја, таа овојпат одбра одлична локација, а тоа е тврдината Цареви Кули која се наоѓа над нејзината родна Струмица.

Видео: ИН продукција

Моден дизајнер : Златко Јовановски
Фризер: Александар Тошев
Шминка: Ана Ивановска

Да живее Македонија! Среќен празник Македонијо!

Благодарност до сите што работеа на овој мал проект, но посебен, работен со многу љубов за нашата мила земја Македонија.-напиша Гавазова на нејзиниот фејсбук профил.

Погледнете дел од нејзината фотосесија, но и видео честитка упатена до сите граѓани на Република Македонија !

Да живее Македонија! Среќен празник Македонијо!Благодарност до сите што работеа на овој мал проект но посебен работен со многу љубов за нашата мила земја Македонија. Видео: ИН продукцијаМоден дизајнер : Златко ЈовановскиФризер: Alexander Toshev Шминка: Ана Ивановска

Gepostet von Suzana Gavazova am Dienstag, 8. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*