Спасен Силјаноски : Најголемата награда е поддршката од публиката

“Најголемата награда за еден пејач е поддршката од публиката.”-ова го истакна познатиот пејач Спасен Силјаноски при гостувањето во емисијата “Наша сцена”.

Најбараниот фолк пејач Спасен Силјаноски е еден од победниците на Најдобриот на листата и добитник на 400 долари кои во месец јули ги доделуваше Австралиската ИН Телевизија на своите музички соработници.

Спасен гостуваше во студиото на ИН Продукција и емисијата “Наша сцена” при што ги сподели импресиите од оваа голема победа. Тој вели дека најголемата награда за него е поддршката на неговите фанови.

-Пред се, наградата премногу ми значи бидејќи на листата бев со едни врвни музички имиња и да се победи во една таква конкуренција нормално дека значи. Имиња од кои што сум учел, Благоја Грујовски, Орце Стефкоски, Наум Петрески, Сузана Гавазова, Марјан Коцев, едни врвни интерпретатори со едни врвни кариери и прекрасни песни, па ете за моја среќа Им Благодарам на сите кои гласаа за мене, успеав да победам на таа листа. Како што кажав, не е толку битна финансиската награда колку онаа награда која што ја добивате од публиката и тоа што знаете дека публиката сеуште ве сака, а како што најавив тие пари ќе останат тука во оваа продукција и ќе ги искористиме за снимање на мојот видео запис за  новата песна. На тие што гласаа за мене ќе им биде возвратено со една нова песна. Се надевам дека ќе им ги исполнам срцата, ако не можам сите да ги почестам поединечно со оваа награда, ќе ги почестам сите заедно со една нова песна.-истакна Силјаноски за гледачите на ИН ТВ.

 

Инаку, Спасен деновиве во соработка со ИН Продукција го сними веќе најавениот видео запис за неговата најнова песна со наслов “Ах да се врати времето”. Видеото се очекува да излезе во секој момент, а премиерно ќе биде претставено на Сателитската ИН Телевизија.

Hristijan Matlioski Мишел Трајковски

Gepostet von Spasen Siljanoski am Dienstag, 1. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*