Гвен Стефани покажа како изгледала пред да стане славна

Гвен Стефани е икона од 90-тите години, чии промени на имиџот ги следевме низ годините.

Од панк со шарена коса, таа стана елегантна платинеста дива со ретро шминка.

Она што некако остана скриено беше како изгледала Гвен пред сите овие трансформации. Таа самата стави крај на шпекулациите откако на социјалните мрежи објави стара фотографија.

Со роденденска честитка до нејзиниот брат Ерик, таа откри дека е природна бринета. Ерик беше тој што ја убеди да се приклучи на групата No Doubt која што ја направи славна.

„Ти си убава како бринета“ и „Не те препознав, но сепак си убава“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*