МИЛИЦА ПАВЛОВИЌ СНИМА СЕРИЈА ИНСПИРИРАНА ОД УБИСТВОТО НА ЈЕЛЕНА КРСМАНОВИЌ

Српската пејачка Милица Павловиќ периодов е на снимање на новата српска серија “Певачица”. Се работи за криминалистичка телевизиска серија инспирирана од животот на српската пејачка Јелена Крсмановиќ која беше мистериозно убиена во 2016 година.

Креатори и сценаристи се Предраг Антонијевиќ и Наташа Дракулиќ, а режисер е Милош Кодемо. Снимањето започна на 12 август 2020 година и треба да трае 3 месеци, односно до ноември 2020 година. Премиерата е планирана за 2021 година на ТВ каналот “Суперстар”.

“Ова е приказна што ги следи животите, кариерите и предизвиците со кои се соочуваат младите пејачи на патот кон слава и успех. Конкретно се работи за една млада музичка ѕвезда во подем, Ивана Лазиќ, која по победата на музичкиот натпревар “Суперглас“, доби сè за што сонуваше – живот во голем град, слава, популарност, љубов. Сепак, додека се бори да го заборави претходниот живот, таа почнува да се среќава со мистериозни работи што ќе завршат со нејзино убиство. Покрај полицијата, приватниот детектив Бојан работи на расветлување на овој случај, а во истрагата тој се соочува со ирационалниот свет на магија и психика, сфаќајќи дека некои луѓе се подготвени да потпишат пакт со ѓаволот за да го добијат она што го сакаат”, велат од продуцентите на серијата.

Во серијата покрај Милица играат: Бранка Пујиќ, Игор Џорџевиќ, Јелена Грујичиќ, Милош Тимотијевиќ, Никола Ракочевиќ, Наташа Нинковиќ итн. Во серијата се појавува и водителот Огнен Амиџиќ.

Во серијатa покрај улогата инспирирана од покојната Јелена Крсмановиќ, ќе бидат и ликови инспирирани од нејзиниот сопруг и свекрва. За свекрвата на Крсмановиќ медиумите шпекулираа дека се занимава со црна магија, па по неа е инспириран ликот на Наташа Нинковиќ во серијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*