Марјан Коцев : Ни фалат дружбите, седенките, муабетите до раните утрински часови

“Ни фалат дружби, седенки, муабети до раните утрински часови и ни фали социјалниот живот и тоа многу”-вели познатиот фолк пејач Марјан Коцев во интервју за ИН ТВ.

Еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија во ексклузивно интервју за Австралиската ИН Телевизија открива што најмногу му недостигаше во изминатите неколку месеци додека целосно беа прекинати нивните свирки.

-Искрено секој ден ми фали дружбата со колегите. Секој момент ми фали и свирењето и пеењето, но најмногу кафе дружбите кои ги правиме по завршувањето на секоја свирка. Викендите ми фалат, ни фалат оние дружби, седенки, муабети до раните утрински часови, за жал тоа го нема сега.-истакна Коцев за естрадниот магазин Естрада плус.

Познатиот фолкер од пред само неколку недели започна започна со одржување на свирки, се разбира со почитување на протоколот и мерките за заштита од коронавирусот.

-Почнав нешто од пред некој викенд, бев во Свети Николе кај еден наш колега кој што има многу убав етно ресторан. Јас искрено му се јавив и му велам Геро ајде да работиме не можам веќе. Ќе побудалиме дома од седење и чување деца, така да му велам ајде братушка и петокот беше малку послаб, но за разлика од саботата и неделата дента беше многу убаво, така да ми фали сета таа дружба, комуникацијата и нормално пеењето.

Јас мислам дека публиката веќе има заборавено да се забавува, не знаат што да прават, дали да гледа, слуша, јаде. Мислам дека ни фали тој социјален живот многу.-вели Марјан во интервјуто за ИН ТВ.

Сепак, како што додава Марјан треба да гледаме позитивно на целата ситуација бидејќи после секој дожд доаѓа сонце, а после секоја темнина во тунелот доаѓа светлина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*