Благица Павловска со надеж дека ќе дојдат подобри времиња

Благица Павловска со надеж дека што поскоро ќе заврши корона кризата и дека сите македонски музичари ќе се вратат на работа. Таа во интервју за ИН ТВ ги сподели импресиите од Фестивалот Избор на Летен Фолк Хит кој се одржа неодамна во Општина Новаци, а на кој што настапија скоро 30 музичари од македонската естрада.

Легендарната фолк пејачка Благица Павловска се надева дека ќе дојдат подобри времиња и дека музичарите ќе можат да функционираат нормално, дека се ќе биде убаво, како што беше и пред започнувањето на корона кризата.

Таа во интервју за ИН ТВ истакна дека е презадоволна од Фестивалот Избор на Летен Фолк Хит во Општина Новаци потенцирајќи дека истиот беше одлично место за дружба со нејзините колеги од естрадата.

-Со доста колеги не сум се видела долго време и драго ми е што ги видов сега. Немавме многу време за да размениме некое мислење. Во секој случај јас се надевам дека ќе има подобри времиња за да можеме да функционираме онака како што беше и претходно.-вели Павловска, за Естрада плус.

На Изборот на Летен Фолк Хит Благица настапи заедно со Влатко Алексовски и нивната дуетска песна “Моето срце чука за тебе” не исклучувајќи ја можноста за нов дует со Влатко во блиска иднина.

-Јас се надевам дека ќе снимиме уште еден дует. Секогаш не можеш да планираш, некогаш коцките сами си се редат. Пред се, Влатко е одличен колега, добар другар, ние си се познаваме од поодамна.-додава познатата пејачка, за гледачите на ИН ТВ.

Благица за естрадниот магазин Естрада плус додаде дека периодов работи на нов материјал и дека во најскоро време ќе ги изненади нејзините фанови со нова авторска песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*