Се огласи сопругот на Тања Савиќ и откри зошто ги однел децата во Австралија

Борбата на српската пејачка Тања Савиќ да ги види синовите, кои на почетокот на март од Србија во Австралија ги однесе нејзиниот сопруг Душан Јовановиќ сѐ уште трае.

И додека пејачката неколкупати се трудеше во јавноста да ја објасни семејната ситуација, нејзиниот сопруг се огласи за српските медиуми.

Во кратка изјава за магазинот Стар порачал дека ја следи ситуацијата во Србија, но и дека нема време да се огласува по повод обвиненијата дека од Тања ги украл децата.

„Видов дека во српските медиуми кружат секакви приказни, но не само тоа. Уште нема потреба да давам изјави и јавно да се огласувам. Зарем треба да објаснувам дека децата ги однесов во Австралија за да ги спасам од короната? И тоа што мојата сопруга не сакаше да дојде со мене, а можеше“, рекол Душан.

Во интервјуата што ги даде за медиумите, Тања во неколку наврати објасни низ што поминува, а нејзината приказна и онаа на сопругот Душан засега не се совпаѓаат.

Луѓето мислат дека јас дадов согласност и сега ги барам децата назад. Навистина не е така. Тој буквално ги киднапираше моите деца. Бев со мајка ми и татко ми во Радинац кога се скаравме, и во една прилика ќе кажам зошто, откри пејачката, па го обвини сопругот дека и ги собрал сите пари кои ги заработила и заминал со нив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*