Роби Вилијамс се самоизолирал на планина во Швајцарија

MOSCOW, RUSSIA - JUNE 14: Robbie Williams performs during the Opening Ceremony during the 2018 FIFA World Cup Russia group A match between Russia and Saudi Arabia at Luzhniki Stadium on June 14, 2018 in Moscow, Russia. (Photo by Ian MacNicol/Getty Images)

Поп-пејачот Роби Вилијамс ја минува корона-пандемијата на планина во Швајцарија. Тој тоа го откри во видеоразговор со Стив Рајт за Би-би-си радио 2.

– Е па, да, јас сум малку невротичен и си мислев – каде да се сместам, за (коронавирусот) да не „ме фати”? Па, си велам – ќе одам шест месеци на Мон Блан, објасни Роби.

Поп-ѕвездата е на Алпите со своето семејство. Минатиот месец, тој и сопругата Аида ја прославија 10-годишнината од бракот. Имаат четири деца: ќерките Теди и Коко (родени 2012 и 2018 година), синот Чарли (2014 година) и Бју, роден годинава од сурогат-мајка, како и Коко.

Натаму во кусото интервју, Роби говореше за тоа колку лошо корона-кризата влијае врз светската музичка сцена и за тоа дека неговите деца, или барем Теди можеби ќе тргне по неговите стапки

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*