Благоја Грујовски за ИН ТВ : Ние живееме за музика и од музика

“Ние музичарите живееме за музика и од музика”-ова го истакна познатиот фолк пејач Благоја Грујовски во интервју за ИН ТВ. Тој истакна дека загубата за нив од корона кризата е доста голема.

Еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија, Благоја Грујовски гостуваше во стуидото на ИН Продукција, а поводот беше промоција на неговата нова песна Жировница ви пее. Меѓудругото тој проговори за корона кризата и изгубените настапи.

-Како и на сите мои колеги тоа е она што ни фали најмногу. Шест месеци сме без ангажмани, не по наша вина и едноставно едвај чекаме да заврши оваа криза да се вратиме во нормален музички живот, она што е нашиот живот, ние живееме за музика и живееме од музика.-истакна Грујовск во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај сите пропаднати ангажмани кои беа закажани за летниот период, Благоја беше приморан да ја откаже и Австралиската турнеја каде што требаше да оди заедно со Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Јане Рафаиловски и Мишел Трајковски.

-Заедно со Стојне, Бобан, Јане и Мишел, пет члена експедиција требаше да одиме за Австралија во март-април, дури имавме извадено и визи кои сеуште ни важат и непосредно пред турнејата едноставно знаевме што ќе биде и дека не е возможно да се реализира, ние тоа го откажавме. Истотака ни пропаднаа сите летни ангажмани, знаеме дека главната активност ни е преку лето, така што за жал оваа година на сите ни е забележана како минус.-додава тој за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели тој и за него и за неговите колеги од естрадата загубата од неостварените настапи е доста голема надевајќи се дека овој тежок период за сите нас ќе помине во најскоро време.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*