Концертот на Ансамбл Билјана за 6-ти септември распродаден

Во предворјето на црквата Света Софија, на 6-ти септември (недела), познатиот Охридски Ансамбл „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт со почеток од 20:00 часот. 

Како што истакнаа од Ансамбл Билјана за естрадниот магазин Естрада плус и овојпат имаат богата музичка програма, а специјални гости на концертот ќе бидат Ристо Самарџиев, Мартина Костова, како и хорот при црквата “Успение на Пресвета Богородица” – Каменско Охрид.

И годинава, интересот за годишниот концерт на Ансамбл Билјана е навистина голем, а организаторите објавива дека концертот е целосно распродаден.

-Фала ви на сите што нé испочитувавте. Сите карти за концертот се распродадени.
Ваши Ансамбл Билјана !

Инаку, за оние лица кои што нема да бидат во можност да присуствуваат, концертот ќе може да го следат во живо на Сателитската ИН Телевизија, на фејсбук и јутјуб.

Поради протоколите за заштита од КОВИД-19 вирусот влезот ќе биде отворен од 19:00 часот и Ве молиме навремено да пристигнете со цел да не се прави гужва.

Ве молиме да ги почитувате следните мерки за безбедно одржување на настанот:
– Задолжително носење заштитна маска (Влезот нема да биде дозволен без заштитна маска)
– Задолжителна дезинфекција при влез и излез
– Задолжително мерење температура на влез

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*