Голем музички проект најавува Стојне Николова

Голем музички проект заедно со врвни музичари најави познатата пејачка Стојне Николова во неодамнешното интервју за Сателитската ИН Телевизија.

Атрактивната македонска пејачка Стојне Николова повторно ќе ја изненади јавноста со наменска песна. Како што открива таа за естрадниот магазин Естрада плус станува збор за нов голем музички проект кој ќе биде во соработка со познати македонски музичари.

-За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно. Засега нема да откријам многу деталу бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала, можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме. Ќе биде една песна за која мислам дека сеуште немаме таква во Македонија кога станува збор за текстот, ќе биде наменска, така да очекувајте нешто ново од мене.-истакна Николова во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, пред краток период Стојне го објави спотот за песната која е посветена на Струмичкото село Колешино. Таа вели дека е презадоволна од крајниот резултат и се пофали дека добиле бројни пофални зборови за песната и видеото.

-Јас сум презадоволна. Најпрво целиот тој проект е работен со многу љубов, јас потекнувам од Струмица и тоа е едно преубаво село во мојот роден крај. Песната и целиот тој проект испадна супер, имаме убави реакции од фановите и од сите мештани на село Колешино и сите иселеници оттаму.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.

Спотот кој се снимаше на бројни локации низ Колешино и околината го изработи ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*