(ВИДЕО) Дани Тик Так ја отпеа “Грешна љубов” од Елена Јовческа и упати апел до нејзините колеги

Следејќи го примерот на нејзините колеги кои во текот на изминатите неколку месеци објавуваа карантински видеа пеејќи песни од македонски пејачи, сега тоа го направи и атрактивната пејачка Дани од Тик Так.

Таа ја одбра најновата песна на Елена Јовческа која носи наслов “Грешна љубов” и упати апел до останатите македонски музичари, што повеќе да ги пеат песните на нивните колеги бидејќи според неа има доста квалитетни македонски песни кои заслужуваат да станат хитови.

-Имаме навистина убави новокомпонирани македонски фолк песни кои заслужуваат да бидат повеќе слушани, баш како што кажа колешката Сандра, во Србија сите се колегијално настроени и гледаат која прва да испее песна од некоја колешка и затоа песните им се хитови. Овој пат ја одбрав Елена Јовческа и нејзината најнова “Грешна љубов”, а во иднина ќе има од сите мои колешки по нешто. Имајте убав ден и слушајте македонска музика.-им порача на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, Дани-Тик Так.

Инаку, Дани и Тик Так со нивната авторска песна “Нула” се претставија на овогодинешното издание на Изборот на Летен Фолк хит во Општина Новаци, каде што имаа прекрасен настап и беа одлично прифатени од тамошната публика.

Во продолжение слушнете ја “Грешна љубов” во изведба на Дани !

Imame navistina ubavi novokomponirani makedonski folk pesni, koi zasluzhuvaat da bidat povekje slushani…bash kako sho kazha koleshkata Sandra vo Srbija site se kolegijalno nastroeni i gledaat koja prva da ispee pesna od nekoja koleshka i zatoa pesnite im se hitovi…Ovoj pat ja odbrav Elena Jovceska i nejzinata najnova Greshna Ljubov, a vo idnina ke ima od site moi koleshki po neshto🎶🎶🎶Imajte ubav den i slushajte makedonska muzika 🎶🎤🎶🎤💋💋💋

Gepostet von DAni DanieLa am Donnerstag, 3. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*