Ед Ширан стана татко

Ед Ширан на својот инстаграм-профил објави дека тој и неговата сопруга Чери Сиборн станале родители минатата недела и на ќерката  ѝ го дале името Лира Антарктика, објавија британските медиуми.

– Минатата недела Чери ја роди нашата прекрасна и здрава ќерка Лира Антарктика Сиборн Ширан. Целосно сме вљубени во неа. И мајката и бебето се добри и сите сме на седмо небо. Се надеваме дека ќе ја цените нашата приватност. Ви праќам љубов и ќе се видиме кога ќе дојде време – напишал Ширан на Инстаграм.

Ширан и Сиборн се заедно уште од основно училиште, а се венчале пред Божиќ во 2018 година, што пејачот го потврди дури неколку месеци подоцна. Чери, која игра хокеј на трева, отсекогаш била онаа вистинската за Ед, велат нивните пријатели. Штом ја запознал, знаел дека со неа сака да го помине остатокот од животот. Токму нејзе ѝ ги посветил поголемиот дел од баладите, како и песната „Perfect“ за која Чери му била главна инспирација.

Ширан за Нова година објави дека ќе направи пауза од музиката откако претходно две и пол години непрекинато беше на турнеја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*