Група Оскар од Битола ја претставија “Стојне”

“Стојне” е насловот на новата песна од Група Оскар која што тие премиерно ја претставија на Сателитската ИН Телевизија и Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци.

Познатата Група Оскар од Битола ја претставија нивната најнова песна која носи наслов “Стојне”. Тие одлучија песната да ја промовираат на Изборот на Летен Фолк Хит кој се одржа во Општина Новаци.

-Веќе е завршена нашата најнова песна “Стојне”. Оваа вечер премиерно ќе ја претставиме на ИН ТВ и Фестивалот Избор на Летен Фолк Хит. Се надевам дека ќе ви се допадне на сите вас и на публиката на сите оние кои не обожаваат и што не гледаат.-истакна Орде Неделковски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Музиката и текстот за песната “Стојне” се дело на Далибор Даки Ѓошиќ, студио и мастеринг на Никола Кочан, а видеото го изработи Playback Production Благој Мустриковски.

,,Стојне , паметот го изгубив, во тебе се заљубив ,, Љубов ….не се раскажува, не се опишува …неа ни еден тон хартија ни еден куп ноти не ја раскажува …таа живее …и додека живее ќе не има и нас …Пријатели, уживајте во ова љубовно, свадбарско парче музика …-им порача на фановите, Горан Проја Димовски од Група Оскар.

Во соработка со неколку врвни музичари од македонската естрада, Горан Проја направи карантинско видео со изведба на познатото оро ,,Марица” без кое не поминува ниту една македонска свадба.

-Периодов изработивме една карантинска снимка, заедно со моите ценети другари -врвни инструменталисти. Орото ,,Марица”, едно од најбараните ора на една македонска свадба, кое потекнува од Пиринскиот дел на Македонија, но исто така често барано и во Нишкиот и Пироќанскиот дел кај нашите соседи во Р.Србија. Мое е задоволството да ви ги претставам;
Борче Тасевски, Александар Грујовски, Игор Милевски, Демир Кантуровски, Ален Рамчевски, Бени Манев, Дарко Аврамоски, Мендо Ташкоски. Ви благодарам за соработката.-додаде Горан Проја, за естрадниот магазин Естрада плус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*