Јутуберите Благадуша, Ставре и Секула промовираа заеднички проект

Јутубери од Охрид и Прилеп во студиото на ИН Продукција промовираа заеднички проект. Станува збор за песната “Гејпери” на Благадуша, Ставре и Секула.

Познатите млади јутубери Благадуша, Ставре и Секула во студиото на ИН Продукција го претставија нивниот заеднички проект. Тие за гледачите на ИН ТВ откриваат нешто повеќе за нивната песна, но и за тоа што точно значи дистрака.

-Се работи за дистрак, да ви го објаснам тоа накратко. Во нашиот јутуберски свет кога ќе се караш со некој тоа оди преку видеа, значи преку вербална расправија потоа се се завршува со дистрак кога сакаш да речеме некој да го завршиш му правиш дистрак или ова што моментално ние го направивме. Нашата песна е со наслов Гејпери и се работи за две лица кои сакавме да ги опееме и мислам дека успеавме во тоа.-велат тие, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели Благадуша, самиот бит, односно музиката за оваа песна е позајмена од Американска компанија со која што тие соработуваат, додека текстот го напишале заедно со Ставре и Секула.

Секако овие млади јутубери тука не запираат, за следниот период подготвуваат уште еден голем проект со кој што ќе ја изненадат јавноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*