Спасен Силјаноски сними спот за песната “Ах да се врати времето”

Еден од најпознатите фолк пејачи, Спасен Силјаноски, во соработка со ИН Продукција сними видео запис за песната “Ах да се врати времето”. Како што вели тој песната е направена за време на карантинскиот период.

Како што вети во карантинското видео кое ексклузивно го испрати за естрадниот Магазин Естрада плус и Сателитската ИН ТВ, фолк пејачот Спасен Силјаноски го сними видео записот за неговата најнова песна со наслов . Тој во интервју за ИН ТВ вели дека песната е направена во периодот на карантин, а тимот кој работеше на песната е добро познат. Музика-Спасен Силјаноски, текстот е на неговата мајка Јагода Силјаноска, а песната е снимена во студио Анастасија кај Љупчо Павловски.

-По подолго време се решив да го искористам карантинскиот период за да направам некоја нова песна, а со тоа да ги почестам моите фанови, но и јас самиот. Песната е со наслов “Ах да се врати времето”, а наградата која што ја добив за победата на топ листата на ИН ТВ ја искористив за да снимам еве со ИН Продукција и еден видео запис, така да, ќе имаме нешто ново да пласираме во тековниов период.-истакна Силјаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Спасен вели дека и понатаму ќе продолжи да го негува неговиот стил на музика и искрено се надева дека новата песна ќе и се допадне на јавноста.

Видео записот се очекува да биде премиерно прикажан на Сателитската ИН Телевизија во текот на следните денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*