Благоја Грујовски посвети песна на Жировница

Познатиот фолк пејач Благоја Грујовски посвети песна на Жировница. Инспирација, како што вели тој се сите оние Жерновци кои се иселени низ светот кои сака да ги поздрави преку “Жировница ви пее”.

Благоја Грујовски изминатиот период работеше на неговиот нов материјал, односно новите песни кои премиерно ги претстави во студиото на ИН Продукција. Откако ја промовираше песната “Солза Таткова”, на ред дојде и песната која што е посветена на Жировница, а е насловена “Жировница ви пее”.

Благоја потекнува токму од Реканскиот крај и затоа доста работи и моменти го поврзуваат за Жировница и Река. Тој уште од поодамна сакал да сними песна за ова познато место, а сега како што вели со оглед на околностите и слободниот период решил тоа да го оствари и на сите жители на Жировница да им подари одлична песна.

-Долго време јас посакував ваква песна, а и од мене се очекуваше. Дури и многупати ми беше спомнато тоа бидејќи јас често одам во мојот крај особено во Жировница каде што имам голем број пријатели и честопати ми велеа…Зошто сите села си ги спомнал, само Жировница не?! Мене тоа ми тежеше и долго време сакав да направам една таква песна, да снимам и конечно сега заедно со мојот автор и соработник Јане Рафаиловски решивме да направиме една таква песна, а Јане ја создаде со голема емоција. Мотивот беше и тоа што голем број жители на Жировница за жал не се тука и се иселени некаде по белиот свет и едноставно мотивот беше да им го пренесеме поздравот што им го праќа родниот крај Жировница, затоа ја насловивме песната “Жировница ви пее”.-раскажува Грујовски во интервјуто за ИН ТВ.

Благоја оваа песна ја посветува и на неговиот колега и близок пријател кој трагично го загуби животот, младиот пејач Емрах Мехмеди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*