“Сине мој” од Ташко Каранфиловски е новиот Летен Фолк Хит на Македонија !!!

Песната “Сине мој” од фолк пејачот Ташко Каранфиловски е новиот Летен Фолк Хит на Македонија !!!

Во прекрасна атмосфера во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Општина Новаци, со почитување на протоколот за работа и мерките за заштита од коронавирусот се одржа годинешното издание на “Избор на Летен Фолк Хит 2020”.

На фестивалот годинава настапија 28 еминентни пејачи и музички групи, а истиот беше одлична можност музичарите да се видат, да се дружат и да си поминат убаво пеејќи ги убавите македонски фолк хитови.

Секако, за најдобрите песни следуваа и парични награди, а Летниот Фолк Хит го бираше присутната публика.

Трето место освои Благојче Стојановски Туше со песната “Милион Бакнежи”, второто место и припадна на Татијана Стефановска со песната На свадба ми дојдоа, а публиката овојпат одлучи победата да му ја даде на Ташко Каранфиловски и неговата најнова песна “Сине мој”.

Фестивалот “Избор на Летен Фолк Хит 2020” беше во организација на Пикси Студио, Општина Новаци и Сателитската ИН Телевизија која што настанот го пренесуваше во живо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*