Сандра Милковска ја промовираше “За навек би те одбрала”

Пејачката со извонреден глас Сандра Милковска, на Изборот на Летен Фолк Хит 2020 ја престави нејзината најнова песна насловена “За навек би те одбрала” која е комплетно дело на Далибор Ѓошиќ.

Македонската ризница со надалеку познатите македонски песни е побогата за уште една композиција. Станува збор за новата песна на Сандра Милковска која носи наслов “За навек би те одбрала”. Песната беше промовирана на овогодинешното издание на Изборот на Летен Фок Хит кој се одржа во Општина Новаци.

-Песната премиерно сега ја претставувам овде на Изборот на Летен Фолк Хит 2020. Песната е забавна, убава и е комплетно дело на Далибор Даки Ѓошиќ.-истакна Милковска во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Сандра периодов го подготвува нејзиниот албум со авторски песни, а за неколку од новите песни ќе се снимат и видео записи со ИН Продукција.

-За оваа година имав во план да направам цел албум во кој што ќе биде и оваа За навек би те одбрала. Веќе се спремни три песни, секако за сите три песни, како и за оваа ќе има видео сигурно во соработка со ИН Продукција.-додава пејачката за Естрада плус.

Инаку, Сандра веќе започна со остварување на нејзините настапи по ресторани и локали, секако со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*