Наскоро !!! Татијана Стефановска со нов проект

Атрактивната пејачка Татијана Стефановска во интервју за ИН ТВ открива дека подготвува нов проект, односно нова песна која ја работи со добро одбран тим.

Пејачката Татијана Стефановска секогаш знае да ги изненади фановите со некоја нова песна. Така ќе биде и во следниот период, бидејќи веќе го подготвува новиот проект со познат и искусен тим на соработници.

-Нешто имам во најава, определивме тоа каква песна ќе биде ајде да не го кажувам тимот сега. И онака сме слободни, еден мој соработник пред се пријател со кој и претходно имам направено песни. Ќе се изработи нешто во најскоро време, па ќе слушнеме тогаш.-открива Стефановска, за естрадниот магазин Естрада плус.

Со оглед на тоа што во изминатите месеци ги немаше нејзините вообичаени настапи, таа го искористи периодот убаво да се одмори и да ги наполни батериите за следните активности. Пред извесен период таа сработи и одлична фотосесија која што наликуваше на оние на светските музички ѕвезди.

-Периодов сум доста одморена, среќа моја што живеам во Охрид па секој момент ми е некакво доживување, плажа. Претходните години во овој период не можев толку да си дозволам поради времето и обврските. Сега ми е преубаво, се одмораме. Што се однесува до фотографиите, од замисла, коса, шминка и фотографија, сето тоа е дело на Кристијан Пашоски попознат како Белеза. Морам да кажам дека сум презадоволна, знаев дека ќе биде добра фотосесија, но толку добра дека ќе биде не очекував искрено.-вели Татијана, во интервју за ИН ТВ.

Со што ќе не изненади Татијана Стефановска во следниот период, останува да видиме.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*