Ташко Каранфиловски проговори за моменталната ситуација : “Изгубивме многу !”

Еден од најпознатите фолк пејачи на македонската естрада Ташко Каранфиловски проговори за тешката ситуација со коронавирусот. “Изгубивме многу !”-вели тој.

Ташко Каранфиловски во неодамнешното интервју за ИН ТВ проговори за моменталната ситуација со коронавирусот и за тоа колку се погодени македонските музичари со тоа што веќе подолг период ги немаат нивните вообичаени свирки. Како што вели, лично тој изгубил доста настапи, не само во земјава туку и надвор од неа.

-Навистина е тешко ова да се издржи еве и како пејачи трпиме голема економска криза бидејќи нема свирки, сите закажани свадби што ни беа, крштевки и други веселби веќе се откажаа или се презакажаа за наредната година. Се надеваме дека ќе помине ова што поскоро. Јас можам да кажам дека е навистина тешко, се осети доста насекаде, на сите страни, но се надеваме дека ќе го издржиме ова и одново ќе пливаме во водите по кои што сме пловеле.-истакна Каранфиловски за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Ташко периодов ја промовираше неговата најнова песна насловена “Сине мој”, која што ја претстави заедно со спот. Видеото се снимаше на повеќе локации во Скопје, а дел и во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*