Слаѓана Столеска најавува албум со авторски песни

Пејачката Слаѓана Столеска периодов работи на нејзиниот нов албум кој ќе се состои од 7-8 авторски песни.

Пред извесен период во студиото на ИН Продукција гостуваше пејачката Слаѓана Столеска. Таа меѓудругото откри дека периодов работи на својот самостоен албум кој ќе се состои од авторски песни.

-Овој албум сега што сакам да го правам ќе биде само со мои песни, авторски песни. Ќе биде во соработка со Антонио Иваноски со кој веќе соработувам. Ќе се снима во Просаунд Студио кај Славко Ристески во Прилеп, затоа што едноставно јас сум презадоволна од нашата соработка, работам со коректни луѓе. Секако доколку дојде за некоја од наредните песни, реализација на спот тоа ќе биде со ИН Продукција со која истотака соработувам и сум презадоволна.-истакна Столеска, за Естрада плус.

Како што вели Слаѓана во интервјуто за ИН ТВ на албумот е планирано да има седум или осум песни, но сепак со сигурност не би можела да каже за колку време албумот ќе биде комплетиран, бидејќи се е во зависност од тоа уште колку ќе трае ситуацијата со коронавирусот.

-Седум или осум песни би биле на албумот, но сепак се зависи од тоа колку ќе трае оваа новонастаната ситуација, каков ќе биде понатаму периодов, дали од септември се ќе почне нормално да се одвива или повторно ќе имаме карантин, знаете тие работи многу не кочат во селосниот општествен живот, а не пак во музиката. Музиката е убава за народот, го развеселува меѓутоа секој се плаши да излезе некаде каде што се собрале многу луѓе кога знае дека му прети некоја опасност.-додава таа, во интервјуто.

Инаку, Слаѓана пред само краток период ја промовираше нејзината најнова песна која носи наслов “Пуста да е мајко туѓината”. Спотот се снимаше на повеќе локации во Охрид, а го изработи ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*