(ВИДЕО) Група Чардак сними песна која што произлегла од народот и се пеела по гости

Група Чардак претставија уште една песна со наслов “Гости канила славја кралица”. Тие велат дека оваа песна е излезена од народот, а се пеела по слави и други семејни прослави.

Откако во студиото на ИН Продукција премиерно беше претставена нивната авторска песна со наслов “Најбогат ќе бев”, Група Чардак на јавноста и подаруваат уште една песна. Станува збор за песната “Гости канила славја кралица”, песна за која како што велат произлегла од народот.

-“Гости канила славја кралица” е песна која што е излезена од народот, а никогаш не е снимена. Таа песна претставува песна која што се пеела по гости. Добро би било да спомнам дека потекнува од Малесискиот крај, а доста Струшките села како Мислешево бидејќи и мајка ми е родум оттаму, постарите генерации ја знаат таа песна иако не е снимена. И затоа сакавме, не да се обнароди туку да се знае за таа песна затоа што никогаш не е отпеана и со оглед на тоа дека е од тој крај би сакал да ги поздравам сите Мислешевци во целиот свет.-истакна Златко Јолакоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Од Група Чардак искрено се надеваат дека со оваа песна, но и со авторската “Најбогат ќе бев”, ќе внесат свежина на Македонскиот етер и дека двете песни ќе бидат добро прифатени од јавноста.

-Бидејќи ситуацијата е таква каква што е, народот е преокупиран со други работи можеби ќе донесеме некоја нова свежина, можеби нема да помине толку добро, но се надеваме дека ќе биде прифатена затоа што секој си го фали своето чедо се разбира. Се надевам дека ќе наиде на добар одзив кај гледачите и дека ќе ја прифатат.-додава Златко, за гледачите на ИН ТВ.

Тие велат дека тука не запираат. Нивната работа продолжува и понатаму, во правец на творење нова музика и секако негување на старата македонска песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*