(ВИДЕО) Влатко Алексовски промовираше песна во забавен стил

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од Влатко Алексовски за неговата најнова песна во забавен стил “Добро утро љубов моја”?!

Познатиот фолк пејач Влатко Алексовски, овој пат во поразлично светло. Имено, тој сега одлучи да направи нова песна, но во забавен стил. Станува збор за песната “Добро утро љубов моја”, за која што сними и спот во соработка со ИН Продукција.

Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид, на крајбрежјето и во стариот дел на градот, а дел и во престижниот хотел Престол.

Текстот и музиката за оваа песна се дело на Влатко, а аранжманот е на Сашо Митковски. Гитарите ги свири Дејвид Зекиров од Скала Бенд, а снимена е во студиото на Сашо Митковски СМ-студио.

-Прв пат се решив да испеам песна во забавен стил со цел да стекнам едно ново искуство и да придобијам нова публика. Како што најавив во последното мое гостување во студиото на ИН ТВ, во моментов имам 4 нови песни. На првата снимивме и спот, па на ред е песна и спот заеднички: Влатко, Ферус и Скопски Боеми.-изјави Алексовски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што открива тој во следниот период ќе се реализираат уште два спота, а во меѓувреме работи на песна со која ќе настапи на овогодинешното издание на Тумба Фест во Куманово.

Во продолжение погледнете го спотот за песната “Добро утро љубов моја” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*