Текстописецот Стевановски: Во моите песни ќе ги спомнам сите девојки, но една ќе ми остане вечна инспирација

Младиот македонски текстописец Александар Стевановски е се повеќе активен на сцената со нови музички дела и по нив станува препознатлив оставајќи свој личен печат во музичката ризница на Македонија. Напиша многу песни за наши пејачи, а најголем белег остави неговиот текст за песната на Ѓоко Јовиќ „За Велигден“, која стана вистински хит и измами солзи на бројна публика овде, и во дијаспората. Стевановски деновиве е актуелен со статусите на социјалните мрежи поврзани со музиката и неговите планови и ангажмани, но, познавајќи го, нам еден негов статус ни привлече посебно внимание: – Секоја девојка која ми подарила убаво минато еден ден ќе ја спомнам во моите песни, но само една ќе ми остане вечна инспирација. Се надевам, и посакувам да биде ЖИВА и здрава и да биде единствен заслужен сведок на сите мои стихови испишани за нашето најубаво минато! За која девојка станува збор се уште не знаеме, а јасно е дека и самиот тој не сака да ја спомнува јавно, па не знаеме каква судбина се крие зад таа љубов. Но, едно знаеме. Љубовни песни напишани од Александар секојдневно се запишуваат на парче хартија во неговата музичка работилница и се повеќе пејачи ги претворуваат во песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*