ЕД Ширан очекува дете

Ед Ширан и неговата сопруга Шери Себорн, со која е од  тинејџерски денови, го очекуваат своето прво дете.

Иако тие се прилично мистериозни и со години  успешно го кријат нивниот  приватен живот од  јавноста, британските медиуми дошле до информации дека славниот музичар и неговата сопруга наскоро ќе станат родители. Тие ја дознаа среќната вест за бременоста на почетокот на карантинот, а сега се на неколку чекори од раѓањето на своето прво дете.

Тие се во брак две години и се во врска уште  кога биле средношколци. Тие во моментов се во последните подготовки за раѓање на бебето. Тие го обезбедуваат својот нов дом на периферијата за наследник или наследничка.

Ед и Шери едноставно се пресреќни и возбудени, но  тие сакале да го одржат сето тоа во кругот на семејство. Карантинот им послужил добро како изговор да не излегуваат никаде, така ретко кој од нивните пријатели знаел дека наскоро ќе станат родители, но како што се приближуваше крајниот рок, тие им кажале  на  најважните“, пренесува „Дејли мејл“.

Тој голем дел од неговите балади и  ги има посветено токму нејзе, меѓу кои е и познатата песна „Perfect“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*