Над 100 песни на карантинскиот албум од Благојче Стојановски Туше

Наскоро ќе излезе карантинскиот албум со над 100 песни од Благојче Стојановски Туше и неговите музички пријатели. За комплетирање на албумот недостигаат уште три песни кои ќе ги објави откако ќе се врати од одморот во Анталија, Турција.

Карантинскиот албум кој што го подготвува Благојче Стојановски Туше, ќе излезе во скоро време. Како што вели тој за естрадниот магазин Естрада до негово комплетирање преостануваат уште три песни. Негова желба е, тој албум да го презентира и пред нашинците од дијаспората.

На албумот ќе има над 100 карантински песни кои што тој ги снимаше во текот на изминатите неколку месеци во соработка со музичари од Македонија, но и од различни земји низ светот.

-При крај сум со албумот, имам уште три песни за објавување и ќе биде. Секако не се брзам летово да го издадам, затоа што и од дијаспората нема да има гости до крајот на летото, не мислам дека е само за нив, но едноставно сакам да го презентирам и пред нив, тоа ми беше идејата.-истакна Туше, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, деновиве Благојче заедно со неговото семејство реши малку да се одмори и отпатува на една од најатрактивните дестинации во Турција, преубавата Анталија од каде што секојдневно објавува фотографии.

Рајот на земјата.-напиша тој на една од неговите објави на фејсбук.

Откако убаво ќе се одмори, Туше продолжува со работните обврски во Македонија и снимањето на новиот материјал за следниот период.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*