Мишел Трајковски : Тежок е периодов, но ќе издржиме

Иако овој период е доста тежок за македонските музичари, бидејќи повеќето од нив егзистираат само од музиката и нивните настапи, сепак оваа ситуација мора да се преброди.

Познатиот виртуоз на хармоника Мишел Трајковски, се надева дека сите изгубени свирки ќе се надополнат откако овој вирус ќе исчезне и апелира до останатите музичари да не се откажуваат од нивните соништа.

-Па знаете како…Ние мораме да се помириме со фактот дека е тежок период и дека не е момент ние да настапуваме на свадби, иако ми е многу жал што ние сме музичари во голем број кои во моментов немаме работа. Ни останува само да се молиме што побрзо да исчезне овој вирус за да можеме и понатаму да работиме, да свириме, да уживаме, да се дружиме. Тежок е периодот, но ќе издржиме. Знам како е да немаме работа веќе повеќе месеци не свириме, но со Господ напред се надевам дека во наредниот период после короната ќе ги надокнадиме сите овие месеци. Во меѓувреме не треба да се откажуваме, да снимаме и да сработиме нешто ново и ќе има успех за кратко време.-истакна Трајковски, за гледачите на ИН ТВ.

Мишел вели дека во изминатите неколку месеци откако започна пандемијата на вирусот и се додека не се стабилизира ситуацијата во нашата земја, посветен е повеќе на студиските снимки, односно на подготовката на новите инструментални дела кои ќе ги собере во неколку нови албуми кои што ги најави во неодамнешното интервју за Сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*