Уште две авторски песни до албумот на Профа бенд

Уште две авторски песни до комплетирање на албумот на Профа Бенд. Иако Теодора живее во Шведска, тие ќе се потрудат албумот да биде реализиран во најскоро време.

Профа бенд го најавуваат нивниот заеднички албум. И покрај тоа што вокалот на бендот Теодора Велкоска Митревска сега живее во Малме, Шведска, ќе се потрудат овој долгонајавуван албум да биде реализиран бидејќи како што вели фронтменот на групата Горан Делевски, недостигаат уште две до три авторски песни до комплетирање на истиот.

-За жал тешко дека сега ќе има нешто ново затоа што толку е времето, Теодора ќе биде тука две три недели. Останува уште малку време и тешко дека тој период нешто би сработиле, но секако ќе поразговараме и ќе видиме за наредните планови. Она што го најавувавме, тој наш албум што би требало да го заокружиме без разлика на тоа што Теодора сега веќе нема да е тука. Секако веќе шест песни ни се снимени ете и оваа карантинската ни е седма и најверојатно уште две авторски песни за да го заокружиме тој како проект Профа бенд заедно со Теодора.-истакна Горан, за Естрада плус.

Со оглед на тоа што веќе не живее во Македонија, Теодора вели дека е тешко да се направат конкретни планови за идниот период, но ќе се потруди она што го ветиле на публиката да го остварат во најскоро време.

-Јас сакам да кажам дека кога си настрана малку е тешко да планираш и затоа моментално имаме оставено на тоа отприлика што би правеле, но ништо не е сигурно дефинирано. Јас обично доаѓам на два три месеци, секогаш сум тука, но оваа година испадна цела година да не дојдам и затоа не можеш да планираш.-вели Теодора, во интервјуто за ИН ТВ.

Пред само краток период, на покана на познатиот фолк пејач Благојче Стојановски Туше, Теодора и Горан беа дел од карантинско видео на дует песната “Врати ми се” од познатото дуо Селимова-Желчески. За нивната изведба добија низа позитивни коментари од јавноста, а карантинската песна ја претставија и во студиото на ИН Продукција.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*