Тања Савиќ минува низ пекол

Пејачката Тања Савиќ изминативе неколку месеци минува низ вистинска агонија. Нејзиниот сопруг Душан ги однел нивните синови Максим и Ѓeрѓе во Австралија, а Тања не може да ги посети поради воведените вонредни мерки и околностите предизвикани од пандемијата.

Тања ги гледала нејзините синови само преку видео повици, меѓутоа, сега и тоа и е забрането.

Таа ги потресе своите следбеници на „Инстаграм“, велејќи дека веќе пет дена нема контакт со децата и дека повеќе нема да молчи за неправдата која ѝ е нанесена.

– Мои најголеми љубови. Правам сè за да ми дојдете во прегратка. Јас сум личност која остро ја осудува неправдата. Секоја направена штета не може да помине неказнето. Има веќе пет дена откако не сум го слушнала нивниот глас. Кога го контактирам семејството, сите ме игнорираат. Ако се обидам повторно да им се јавам, тие ме блокираат. Луѓе, сè отиде во пропаст. Јас веќе не можам да молчам. Сите нека дознаат што ми е направено, напиша Тања на „Инстаграм“.

– Ако можам да кажам, ангажирајте адвокат, започнете постапка, контактирајте ги амбасадите. Ниту еден родител не заслужува  да не може да ги види и да ги слушне своите деца, напиша еден од нејзините фанови. Додека друг следбеник и напиша:

– Ова е ужасно што ѝ се прави  на една мајка, особено од сопствен маж. Главата горе, тој човек тебе те чинеше кариера, баш кога ти тргна во кариерата и се искачи на самиот врв, тој така ти прави.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*