Карантинскиот период помина доста работно за бендот Хепи Енд

Изненадувачки брзо и доста работно помина карантинскиот период, поради пандемијата од коронавирусот за момците од бендот Хепи Енд.

Игор, вокалот на бендот во интервју за ИН ТВ открива дека карантинскиот период го искористиле за снимање нови проекти кои наскоро ќе бидат промовирани пред јавноста.

Како што вели тој во текот на изминатите неколку месеци изгубиле голем број настапи, но времето го искористиле работно во студио.

-Да кажам искрено, сега кога ќе размислам дека сме на повеќе од сред лето би рекол дека доста брзо помина овој период, иако имаше нормално долги денови и денови кога не знаевме што да правиме со себе ете одлучивме некако да направиме и други проекти кои што наскоро ќе бидат објавени заедно со мојата група, така што би рекол дека изненадувачки брзо ми помина изминатиот период од четири месеци и повеќе.-изјави Игор, за гледачите на ИН ТВ

-Не само што изгубивме настапи, туку и многу луѓе ги пропуштија своите веселби кои ги очекувале повеќе од година, меѓутоа не можам да кажам дека е нешто изгубено, да настапи нормално, но тие повторно ќе дојдат, термините се презакажани за наредниот период откако ќе се среди ситуацијата и кога ќе се намали бројката на заболени, што е и најбитно. Така да, не би рекол дека изгубивме затоа што се затворивме во студио и доста работевме, па допрва во следниот период ќе започнеме да ги претставуваме нашите проекти. Ќе сфатат гледачите дека ние всушност сме работеле додека беше карантинот.-додава Петковски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, пред само краток период тие заедно со спот ја промовираа нивната најнова авторска песна насловена “Ивана”. Станува збор за доста интересно летно хитче, за кое што добија низа позитивни коментари и пофалби од нивните фанови, пријатели и музички соработници.

Следно од Хепи Енд е проект со добро одбрани странски рок хитови, кои и ден денес живеат меѓу народот насекаде низ светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*