Ташко Каранфиловски периодов помага дома, но подготвува и нови песни

Ташко Каранфиловски периодов помага околу домашните обврски, но не ја запоставува музиката. Откако го промовираше спотот за “Сине мој”, најавува уште една песна.

Фолк пејачот Ташко Каранфиловски во неодамнешното интервју за ИН ТВ открива кои се предностите на периодот на изолација, но и како за него поминува еден обичен ден, додека сеуште официјално не започнат нивните ангажмани и свирки.

Ташко вели дека најчесто времето го поминува со неговото семејство и помага околу домашните обврски.

-Откако се вратив од Австралија, често се дружам и повеќе време поминувам со моето семејство бидејќи ни остана подолг период да се дружиме сите заедно и да станеме многу поблиски. Пред тој период имавме можност, но секој на своја страна и секој со своите обврски. Ова време не сплоти сите заедно, па колку што успеав направив неколку песни за моите слушатели, обожаватели. Доста често помагам за домашните обврски, во земјоделието, околу куќата и така.-раскажува Каранфиловски, во интервјуто.

Тој за Естрада плус открива дека во моментов се подготвува уште една нова песна, која ќе биде во доста интересен брз ритам, а во најскоро време ќе ја претстави пред публиката.

-Снимав уште една песна во соработка со Борче Нечовски и Дејан Момировски. Се надевам дека за кратко ќе излезе, па во понатамошниот период ќе имаат гледачите можност да ја слушнат таа песна, исто така во соработка со ИН ТВ. Се надевам дека ќе биде и таа добра песна, ќе биде во брз ритам онака како што повеќе сакаат нашите гледачи.-додава тој за естрадниот магазин.

Ташко пред само краток период го промовираше неговиот најнов спот за песната “Сине мој”. Видеото се снимаше на повеќе локации во Скопје и Охрид во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*