Најголемиот хит на Цеца, требало да го испее оваа позната српска пејачка

Композиторот и продуцент Александар Милиќ – Мили и најпознатиот текстописец Марина Туцаковиќ работеа со Маја Беровиќ на нејзиниот прв албум „Животот во живо“, кој беше објавен во 2007 година, а во исто време работеа и на албумот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Иделано лоша“, па се случи песната што тој  ја беше наменил за младата пејачка,  на крајот да и припадне на балканската фолк дива.

„Маја сакаше да учи додека бевме во студиото. Се виде дека може да направи кариера и дека има огромен потенцијал. На албумот што паралелно го направив за Цеци, веќе ги имав „Пиле“, „Понуден ко почестен“, „Манта“ и потоа ја направив песната „Лепи громе мој“, но ми се чинеше дека не се вклопува во албумот на Цеца. Затоа ја наменив таа песна за Маја, но кога Марина ја слушна, рече: „Ова е фантастична мелодија, ова ќе го комплетира албумот на Цеца“,  па на крајот таа песна заврши кај Цеца наместо кај Маја“ – објасни Мили.

Оваа информација ја изненади Маја:

„Не го знаев овој податок.  Нема да кажам дека песната „Лепи громе мој“ не е добра песна, тоа е хит. Таа отиде во добри раце, јас не би ја извела така добро во тој момент, бидејќи таа песна е приказна за самата Цеца“ – ијави Маја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*