Туше и “Профа бенд” направија карантинска преработка на хитот “Врати ми се”

Познатиот фолк пејач Благојче Стојановски Туше во изминатите неколку месеци за време на карантинскиот период и пандемијата од коронавирусот имаше пракса секоја вечер да објавува карантински видеа со негови колеги не само од Македонија, туку насекаде низ светот.

Досега има објавено над 100 карантински песни, а најнова е дует песната со Теодора Велкоска-Митревска од Профа бенд, односно преработка на познатата песна “Врати ми се” од дуото Селимова-Желчески.

Како вистински колеги контактиравме со Горан и јас имав желба да настапам со некоја дуетска песна. Имав неколку дуетски, но идејата ми беше навистина добра со Горан и Теа, затоа што знаев дека работат заедно. За Теа дознав дека е во Шведска, па испадна добра прилика да дојде конекцијата Кичево-Ресен-Малме и убаво излезе се.-истакна Туше, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако Теодора живее во Малме, Шведска, тоа не претставуваше никаков проблем овие двајца извонредни вокали да се спојат во заедничко онлајн видео.

Теодора периодов се наоѓа во Македонија, а тоа беше одлична можност Туше и Профа бенд да гостуваат во студиото на ИН Продуција, каде што воедно ја претставија карантинска песна.

-Морам да кажам дека навистина ми е драго што Туше не покани за да го направиме дуетот и Горан кога ме праша Дали си заинтересирана да направиш дует со Туше?” јас веднаш прифатив и баш беше интересно бидејќи подолго време ме нема тукаи поради короната не можевме да си дојдеме во Македонија, но ете еден начин за да бидеме малку со нашата публика.-вели Теодора, во интервјуто за ИН ТВ.

-Песната е со малку поразличен аранжман, би рекол онаков каков што најмногу сакам и се препознавам во тој стил. Така да, ете малку поразлично од она што досега го имаме слушнато. Песната е весела, убава таман аранжмански дојде, мислам дека е одлично погодено едноставно за да биде прифатена од слушателите, па ќе видиме, гледаноста на карантинското видео е многу голема.-изјави, Горан Делевски, за Естрада плус.

Тие не ја исклучуваат можноста во следниот период да направат и заедничка авторска песна со која ќе ги изненадат нивните фанови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*