Христијан Стојоски : Закажани свирки имав до месец октомври

И Христијан Стојоски периодов изгубил голем број свирки. Како што вели тој закажани настапи имал до месец октомври.

Христијан Стојоски важи за еден од најбараните пејачи во Охридско-Струшкиот регион. Во интервју за ИН ТВ тој вели дека периодов имал доста голем број настапи кои бил приморан да ги откажи поради пандемијата од коронавирусот.

-Моето мислење е исто како и од останатите музичари. Ете јас и мојата група имавме доста закажани настапи, имавме неколку свадби, крштевки, семејни прослави, приватни забави се до октомври месец. Како и сите колеги, така и ние имаме многу откажани свирки, но сега се надеваме дека малку барем ќе добиеме дозвола за да започнеме со настапи. Се надеваме дека за брзо време и тоа ќе се среди ситуацијата.-истакна Стојоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Христијан пред само краток период ја објави неговата најнова песна со наслов “Ќе те сакам секогаш”, која и овој пат е негово комплетно авторско дело.

Во интервјуто тој ни откри дека и оваа песна е посветена на неговата голема љубов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*