Горан Тандеми : Трпението е она што не држи заедно овие 20 години

Горан Станишев во интервју за ИН ТВ го открива рецептот за долгогодишно функционирање на музичките групи. Група Тандеми пред само краток период одбележаа 20 години постоење на македонската естрада.

Познатата Скопска група “Тандеми”, кои важат за едни од најбараните музичари во нашата земја, во месец февруари прославија јубилеј  од 20 години постоење на македонската естрада. Горан Станишев, вокал и фронтмен на групата во интервју за ИН ТВ открива што е тоа што ги држи заедно во сите овие години наназад.

“Најбитно пред се е трпението. Јас на пример гледам да ги толерирам работите секогаш, има турбуленции не дека нема, има и незадоволство, секој има период кога е понервозен. Многу е битно само да имаш биланс добар. Јас од моето искуство знам дека најпрво треба да се разговара, да направиме вака-не, зошто не, гледам сите мислења да ги добијам и последен ќе кажам јас што мислам. Најбитно е да не навредиш никој бидејќи тоа е веќе една фамилија. 20 години функционираме, си спиел заедно, на свирки заедно, летување заедно, стресови во кафани. И доаѓаш некогаш нервозен, па ја смируваме топката. Во глобала добро тераме.”

“Јас вака велам, ние накај 20 години не одиме, одиме накај 50. Јас само го молам Господ да ни даде здравје, а што е наше ќе си дојде и до каде ни е пишано до таму ќе работиме.”-додава Горан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*