Џеј Ло во опуштено издание

Навикнати сме Џенифер Лопез да ја гледаме во разни изданија во кои ги истакнува своите облини и атрибути. Меѓутоа, овојпат латино дивата на својот „Инстаграм“ објави селфи во лежерно издание.

Имено, пејачката позира во тренерки и бели патики, а косата ја собра во пунџа која и паѓа на лицето.

Во описот, пејачката напиша моќна порака:

„Емпатија: Способност за разбирање и ширење сочувство кон другите“.

Со оваа објава таа собра 1,2 милион лајкови, а фановите и коментираа дека е преслатка.

Исто така оваа фотка откри и други детали од спалната соба на Џеј Ло.

Имено, во позадина може да се забележи креветот на кој има скапа постелина која чини повеќе од стотини долари. Пејачката поседува и две скапи чанти од која едната е на „Гучи“.

Во спалната соба на ѕвездата преовладуваат бело – беж нијанси.

Потсетуваме, неодамна Џенифер покажа како изгледа кога ќе се разбуди и без грам шминка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*