(ВИДЕО) Погледнете го новиот спот на Ташко Каранфиловски

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот на Ташко Каранфиловски за неговата најнова песна “Сине мој”?!

Ташко Каранфиловски, кој важи за еден од најпознатите и најбараните фолк пејачи во земјава и надвор од неа, деновиве го промовираше новиот спот за песната “Сине мој”.

-Темата на оваа песна е прекрасна Еве песна Сине мој, песна од татко твој”, како што спомнав е песна на Гоце Ристевски од Мелбурн, Австралија. Чест ми е и задоволство што Гоце ми ја додели мене таа песна да ја отпеам јас, иако тие за оваа песна имаа соработка со Милан Завков таму во Австралија. Тоа беше за свадбата на неговиот син, па како што за првпат бев таму, седнавме на маса и ми вика сакам да ја слушнеш песната. Мене навистина ми се допадна и ме праша дали би прифатил да ја обработиш оваа прекрасна песна. Уште кога ме праша јас не се ни помислив бидејќи е прекрасна песна, ќе ја слушнат и сите гледачи па и тие самите ќе кажат мислење.-истакна Ташко во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, Ташко е новиот победник на Најдобриот на листата кој што освои 400 долари од Австралиската ИН Телевизија. Како што ни откри во интервјуто, оваа парична награда тој одлучи да ја искористи во хумани цели и да ги донира во Дневниот центар во Ресен за децата со посебни потреби.

Во продолжение погледнете го неговиот најнов спот !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*