Ѓоко Јовиќ ја објави „Ѕвезда најсветла“ – уникатен спот снимен во Австралија (ВИДЕО)

Како што вели и песната „Ѕвезда најсветла“, така и Ѓоко Јовиќ е една светла точка во ова невреме кое го диктира вирусот со тоа што неуморно работи на нови проекти и и се оддолжува на публиката за сета почит. Имено, песната е дело на најдобрите автори, на братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои го создадоа ова музичко парче, додека спотот е снимен во далечната Австралија каде што главната улога ја има атрактивната Австралиска девојка, а самиот Ѓоко се појавува како уметник кој на платно ќе ја наслика девојката со која што претходно, сосема случајно доаѓа до несакан судир. – Песната е испеана и посветена за публиката, но да бидам искрен, и за мојата сопруга Ивана која секогаш ми е најголемата поддршка за се што правам, и која ми е најголемата причина за среќа со тоа што ми подари три дечиња. Објавена е во време на пандемија предизвикана од вирусот баш со цел да ги охрабри и развесели сите слушатели, и да испрати една порака дека музиката е вечна, дека една пандемија нема да ни го скрати задоволството да уживаме пак сите заедно, а јас на тоа искрено се надевам и посакувам да се случи во блиска иднина, вели Ѓоко. Во продолжение погледнете го спотот кој што е направен од врвни професионалци во прекуокеанската Австралија и уживајте:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*