“Happy End Band” : Осум години на македонската музичка сцена

Бендот Хепи Енд на македонската музичка сцена опстојуваат веќе осум години. Тие важат за едни од најпознатите и најбараните бендови во нашата земја, а зад себе имаат три одлични авторски песни, но и неколку музички проекти.

За време на карантинскиот период поголемиот дел од музичарите ги забавуваа нивните фанови преку лајв вклучувања на социјалните мрежи, но објавуваа и карантински видеа со изведба на познати македонски хитови. По примерот на нивните колеги, карантинско видео споделија и момците од Хепи Енд, а за истото добија бројни позитивни коментари од јавноста.

-Ние претставивме една интересна преработка од познатата Friends темата всушност на филмот Ill Be There For You” и имаше фантастични реакции би можел да кажам. Во карантинскиот период само тоа го извадивме, а некои нови кои ги планираме допрва ќе следат, па се надевам ќе имаме време и место за промоција на истите.-

Хепи Енд се музичари кои секогаш работат на нешто ново, нови песни или проекти и се трудат да бидат поразлични од останатите бендови, што навистина им успева.

Тие пред извесен период направија и “Mashup” со одлични македонски хитови.

Mashupлани летото го извадивме и тој е многу интересен. Има повеќе песни во него и искрено и од тоа сме задоволни како беше прифатено. Ова лето ќе се памти беше, нашата претходна песна Лажев ја има, Најмила од Либеро бенд, имаше и од Тамара Тодевска, значи повеќе песни околу 7-8 во тој проект.-

Иако Ивана излезе неодамна, тие веќе подготвуваат нова авторска песна, но и проект со добро одбрани странски хитови

. –Сакаме малку да се потсетиме и на странските добри рок хитови кои што сеуште до ден денес се слушаат.-додава Петковски, за Естрада плус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*