50-тина свирки периодов изгубија Живе Мешуревски и Група Кода

Голема е бројката на пропаднатите настапи на Живе Мешуревски и Група Кода. Живе во интервју за ИН ТВ вели дека изгубиле 40-50 свирки кои требало да се одржат во период од март до август-септември.

Во голема загуба од откажаните настапи поради пандемијата од коронавирусот е и пејачот Живе Мешуревски. Како што вели тој за естрадниот магазин Естрада плус, заедно со неговата група Кода имале 40-тина свирки кои морале да ги откажат или презакажат за следната година.

-Здравјето пред се, здравјето е најбитно па настапите ќе си дојдат. Можам да кажам дека имавме околу 40-50 закажани свирки, повеќето се одложуваат за следната година, но и доста изгубивме.-истакна Мешуревски.

Живе и Група Кода пред само неколку денови го снимија новиот музички проект со добро одбрани македонски песни за сечиј вкус. Во проектот е вклучена и младата и талентирана пејачка Сања Димова која заедно со Живе отпеа две песни.

Но, покрај овој проект Живе периодов подготвува две авторски песни за кои се надева дека ќе ги претстави во најскоро време.

Инаку, тој пред извесен период беше во друштво со еден од најдобрите Македонски вокали, Наум Петрески, па со гледачите на Естрада плус Живе ги споделува импресиите од дружбата со Наум, кој важи за негов идол уште од детството.

-Имам уште две нови песни, па се надевам дека за брзо за околу месец дена ќе бидат промовирани двете.

Имам некоја идеја зацртано, но ќе видиме за тоа понатаму сакам да реализирам и една песна со Наум Петрески. Па Дај Боже да биди и тоа, здравје само. Јас пред извесно имав можност да бидам во негово друштво. Одлично е да се седи со таков вокал и да се слуша како пее и да се научи нешто од таков вокал, прекрасно.-додава тој во интервјуто.

Живе зад себе има и две авторски песни “1001-на ноќ”, како и песната “Не плаши се” за која што сними и одличен спот во Преспанскиот крај во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*