Христијан Стојоски : “Кога творам, најмногу време посветувам на текстот”

-Кога творам, најмногу време  посветувам на текстот, потоа музиката си доаѓа постепено. Ова го истакна Христијан Стојоски при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Христијан важи за доста талентиран пејач, кој воедно е и комплетен автор на своите песни.

Тој во интервју за ИН ТВ раскажува од каде му доаѓа инспирацијата за творење и колку композиции има досега создадено.

-Сите песни досега, околу 10-тина, 11, сите се мои авторски песни. Така се осеќам, не можам јас да пеам песна, ако не ја чувствувам, тоа го имам кажано и во претходните емисии, јас ако песната не ја чувствувам и ако не сум спремен да ја отпеам не е тоа тоа за мене. Посветувам малку повеќе време на текстот, па постепено и музиката доаѓа до израз со текстот.-раскажува Христијан за Естрада плус.

Деновиве во студиото на ИН Продукција, Христијан ја промовираше неговата најнова песна “Ќе те сакам секогаш”, за која што во следниот период ќе биде снимен и видео запис.

-Баш пред да започне карантинот песната беше спремна се за да се снима, поради ситуацијата ја одложивме па ете пред две недели влеговме встудио ја снимивме, ја сработивме се како што треба и дојде ред да се направиме промоција, па здравје Боже како што кажав до крајот на летото треба да се сними и видео запис.-додава тој.

Христијан во интервјуто за ИН ТВ открива дека и песната “Ќе те сакам секогаш” е посветена на неговата голема љубов исто како и претходните неколку композиции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*