На музичката сцена се враќаат познатите “Ѕвезди” од 90-тите

По подолг временски период на музичката сцена се враќаат познатите “Ѕвезди” кои во 90-те години важеа за најдобрите и најбараните групи на естрадата.

Тие деновиве гостуваа во студиото на ИН Продукција, а поводот беше промоција на песна од нивниот прв албум насловена “Стара Мајко”. Песната овој пат ја направија со нов, помодерен аранжман.

-Да, така ние уште од деведесетите години работевме како група Ѕвезди. Инаку сите  членови се од нашето место Лабуништа поточно село Боровец , а таа песна во тоа време беше многу барана и секако слушана песна. Токму поради тоа ние се одлучивме да ја преработиме затоа што имавме некои наши можности, во наше студио да се преработи токму поради таа бараност од многу наши слушатели и познати луѓе се решивме таа песна да ја преработиме уште еднаш. Оваа песна е дело на сите нас како група Ѕвезди во тоа време 93- та година кога излезе и нашата прва касета. Така да, сите тие песни беа  некако заеднички изработени во склоп на сите наши членови од нашата група уште во тоа време кога постоевме. Така да, ете се решивме да ја преснимиме во помодерна преработка.-раскажува Башким во интервјуто за ИН ТВ.

Вокалот на оваа група Башким Муслиоски искрено се надева дека оваа преработка на нивната песна ќе биде одлично прифатена од јавноста. Очекувањата се многу големи, вели тој, затоа што таа песна во минатото беше доста барана, а исто така и изведувана од голем број колеги од македонската естрада.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*